MCP logusaid
Students
Companies
Institutions
За студенти и дипломирани...

Можност за стекнување на работно искуство, професионални контакти и препораки, со кои се зголемува потенцијалот за идно вработување.

За компаниите...

Вашата компанија има можност да го оцени практикантот без некаква долгорочна обврзаност, а од друга страна има можност да привлече млади и мотивирани професионалци.

За образовните институции...

Да се зголемат можностите за полесно вработување по дипломирањето, и да се зголеми популарноста и угледот.

 

Недела, 05 Септември 2010

Најчесто поставувани прашања

    1. Како да се регистрирате како студент?
    2. Како да се логирате на mojakariera . com . mk ?
    3. Заборавена лозинка ?
    4. Како да креирате профил ?
    5. Како да прикачите документи и слика?
    6. Како да пребарувате огласи за пракса/ работа?
    7. Како да се пријавите за пракса/ работна позиција?
    8. Која е целта на „Моја кошничка“?
    9. Како да ги менаџирате вашите е-пораки?
    10. Како да пронајдете и гледате видео презентација?
    11. Како да пронајдете и гледате презентација?
    12. Како да гледате слики?
    13. Како да учествувате на форуми ?


назад | 1. Како да се регистрирате како студент?

Постојат два начина да се регистрирате:

  1. Кликнете на копчето „Пријави се и креирај профил“ кое може да се најде десно на почетната страна;

  2. Кликнете на копчето „Најава“ кое се наоѓа во горниот десен агол од почетната страна. Потоа кликнете на линкот „Студент“ кој се наоѓа во левиот агол од формата за најава.

И двата начина водат кон форма за регистрирање која треба да се пополни според следните правила:

  1. Корисничко име: мора да биде единствено; може да се користат букви(а-ш, А-Ш), броеви (0-9), празен простор, карактери (сите карактери освен “ и ’), на пример Петар Петровски 34%.

  2. Лозинка: мора да содржи минимум 8 карактери.

  3. E-mail: мора да биде активна и функционална е-mail адреса.

  4. Слика: мора да ги внесете точно буквите од сликата без притоа да оставате празен простор.

  5. Контролен правоаголник: мора да ја селектирате опцијата во контролниот правоаголник: „Ги прочитав условите и се согласувам со истите“.

  6. Потоа кликнете на копчето „Регистрирај се“.

Треба да ја примите следната порака за нотификација. Потоа отворете ја Вашата e-mail адреса која сте ја означиле при регистрацијата (чекор c). Во Inbox најдете ја пораката од contact@nabu.com.mk со наслов MCP Career Site Registration Process. Отворете ја пораката и кликнете на зборовите: “follow link”. Со тоа директно ќе бидете пренесени на www.mycareer.com.mk и ќе видите порака со која се потврдува Вашата регистрација.

назад | 2. Како да се логирате на mojakariera.com.mk?

Кликнете на копчето „Најави се“ кое се наоѓа на горниот десен агол од порталот. Во формата за логирање впишете го Вашето корисничко име и лотзинка и кликнете Enter.

назад | 3. Заборавена лозинка?

Кликнете на копчето „Најави се“ кое се наоѓа на горниот десен агол од порталот. Потоа кликнете на „Ја заборавивте лозинката“ и внесете ја Вашата e-mail адреса (истата која ја поставивте при регистрацијата на порталот) и кликнете на копчето Побарај”. Отворете ја e-mail адресата која ја внесовте во претходната постапка и отворете во Inbox. Треба да добиете порака од no-reply@mojakariera.com.mk со наслов: MCP Career password recovery. Отворете ја пораката и таму треба да биде дадена Вашата лозинка.

назад | 4. Како да креирате профил?

Логирајте се на порталот (види секција 2). Кликнете на копчето „Промени го профилот“ на почетната страница или кликнете на на ликот „Промени го профилот“ од страна. Пополнете го делот со генерални информации и потоа кликнете на копчето „Сними“ и „Продолжи“. Продолжете со истото додека стигнете до последниот дел од профилот „ Други опции на профилот“. Запаметете ги полињата кои се потемнети и барани. Ако, на пример, не треба да пополните некои задолжителни полиња или цела секција, можете да кликнете на копчето „Продолжи“ кое ќе ве префрли во следниот дел. Ако сте заборавиле да пополните некој дел, можете да кликнете да копчето „Претходно“ се додека не стигнете до тој дел, или може да одите директно преку кликање на делот на менито „Уредување“ или преку кликање на секцијата во страничното мени. Со цел да ја зачувате информацијата кликнете на копчето „Сними“.

Вашиот профил може да биде создаден на три јазици: македонски, албански и англиски.

Важна забелешка: Пополнете ги полињата во профилот со колку што е возможно повеќе информации бидејќи тоа се информациите кои компаниите ќе ги видат, исто така, ова ќе ви овозможи да уживате во функционалностите на порталот, посебно да најдете соодветна работа според вашиот профил.

назад | 5. Како да прикачите документи и слика?

Најавете се на порталот (види секција 2). Кликнете на копчето „Мои документи“ на почетната страница или кликнете на линкот „Мои документи“ на страничното мени. Кликнете на „Стави нов документ“. Внесете го насловот на документот, опис и содржина на документот. Во URL полето кликнете на вториот помал квадрат. Ќе ви отвори формат за прикачување. Кликнете на “Browse” копчето и најдете го документот во вашиот компјутер. Потоа кликнете „Upload“. Кога ќе го видите документот во горниот список, кликнете на името на документот (на пр. CV.doc). Патеката на документот треба да се појави во првиот квадрат од URL полето. Потоа кликнете на копчето „Стави документ“.

назад | 6. Како да пребарувате огласи за пракса/ работа?

Најавете се на порталот (види секција 2). Постојат 3 начини да најдете огласи за пракса/ работа.

  1. Најди соодветна работа: Кликнете на копчето „Најди соодветна работа“ на почетната страница или кликнете на линкот „Најди соодветна работа“ на страничното мени и тоа ќе ви прикаже список на најсоодветни огласи за пракса/работа. Првиот оглас на врвот на листата е на највисоката скала на евалуација и е најсоодветниот оглас за вашиот профил.

  2. Барај работа/ пракса: Кликнете на копчето „Барај работа/ пракса“ на десната страна на порталот под страничното мени или кликнете на линкот „Најди соодветна работа“ на страничното мени. Во полето за текст внесете некој клучен збор (на пр. Менаџмент) кој што сакате вашиот оглас да го содржи и кликнете на копчето „Пребарај“. Исто така, може да се обидете со „Напредно пребарување“ и да изберете критериум и филтри за пребарување преку кликање полињата за обележување и преку избирање на предмет од понудените листи. Потоа кликнете на копчето „Пребарај“.

  3. Види работни огласи: Кликнете на линкот „Види работни огласи“ и тој ќе ви прикаже листа на сите активни огласи за пракса/ работа кои моментално се активни на порталот. Преку кликање на насловот на огласот можете да го видите описот на огласот.

назад | 7. Како да се пријавите за пракса/ работна позиција?

Најавете се на порталот (види секција 2). По пребарувањето на практикантски/ работни позиции (види секција 6) отворете го насловот на огласот за работа/пракса и кликнете го копчето „Додади во кошничка“. Во кошничката најдете го огласот и кликнете на „Аплицирај“. Напишете го мотивационото писмо и кликнете на копчето „Испрати“.

назад | 8. Која е целта на „Моја кошничка“?

Најавете се на порталот (види секција 2). Кликнете на копчето „Моја кошничка“ на вашата почетна страна или кликнете на линкот „Моја кошничка“ на страничното мени. „Моја кошничка“ е страната на порталот каде сите ваши избрани огласи за пракса/ работа се прикажани и организирани во табела. Тука можете да аплицирате за оглас за работа (види секција 7)- кликнете на линкот „Аплицирај“ во колоната за акции; да избришете оглас за работа ако не сте заинтересирани да аплицирате- кликнете го линкот „Избриши“ во колоната за акции; и да го видите статусот на вашите апликации во колоната за статус.

назад | 9. Како да ги менаџирате вашите е-пораки?

Најавете се на порталот (види секција 2). Кликнете на копчето „Пораки“ на почетната страница или на линкот „Пораки“ на страничното мени. Е-пораки е страна на порталот каде ги добивате сите известувања во врска со вашите апликации, покани да учествувате во оглас за пракса/ работа и известувања од администраторот. Може да ја видите пораката преку кликање на насловот на пораката во колоната за предмет. Може да одговорите на е-пораката- кликнете на линкот „Одговори“ или може да ја избришете пораката- кликнете на линкот „Избриши“ во колоната за акции.

назад | 10. Како да пронајдете и гледате видео презентација?

Најавете се на порталот (види секција 2). Кликнете на копчето „Медиа центар“ на вашата почетна страна и кликнете на „Видео“, или кликнете на линкот „Медиа центар“>>„Видео“ на главното мени на врвот. Кликнете на видеото кое сакате да го гледате од менито на левата страна на страницата. Видеото ќе се покаже во медиа плеерот. Кликнете на Play за да го гледате видеото, кликнете на пауза за да го паузирате видеото или клинете на стоп за да го стопирате видеото. Во помалото поле под плеерот може да го видите описот за видеото.

назад | 11. Како да пронајдете и гледате презентација?

Најавете се на порталот (види секција 2). Кликнете на копчето „Медиа центар“ на вашата почетна страна и кликнете на „Презентации“, или кликнете на линкот „Медиа центар“>>„Презентации“ на главното мени на врвот. Кликнете на презентациите кои сакате да ги гледате од менито на левата страна на странициата. Презентацијата ќе се појави во кутијата за презентации. Преку кликање на стрелките < > можете да ги менувате слајдовите од презентацијата. Во помалото поле под плеерот може да го видите описот за презентацијата.

назад | 12. Како да гледате слики?

Најавете се на порталот (види секција 2). Кликнете на копчето „Медиа центар“ на вашата почетна страна и кликнете на „Фотографии“, или кликнете на линкот „Медиа центар“>>„Фотографии“ на главното мени на врвот. Кликнете на сликата која сакате да ја видите од менито од левата страна на страницата. Сликата ќе се појави во кутијата за слики. Во помалото поле одоздола можете да го видите описот на сликата.

назад | 13. Како да учествувате на форуми?

Најавете се на порталот (види секција 2). Кликнете на копчето „Медиа центар“ на вашата почетна страна и кликнете на „Форуми“ или кликнете на линкот „Медиа центар“>>„Форуми“ на главното мени на врвот. Кликнете на дискусијата во која сакате да учествувате и тогаш кликнете на темата која сакате да ја дискутирате. Ако сакате да објавите нешто, кликнете на копчетоPost Reply”. Напишете го насловот и содржината на постот. Ако сакате да го видите постот пред да биде испратен, кликнете на копчето “Preview”. Ако сакате да го испратите постот, кликнете на копчето “Submit”.

Ако сакате да одговорите на нечиј пост, кликнете на копчето „Reply“ во постот на таа личност. Напишете го насловот и содржината на постот. Ако сакате да го видите постот пред да биде испратен, кликнете на копчето “Preview”. Ако сакате да го испратите постот, кликнете на копчето “Submit”.