MCP logusaid
Students
Companies
Institutions
За студенти и дипломирани...

Можност за стекнување на работно искуство, професионални контакти и препораки, со кои се зголемува потенцијалот за идно вработување.

За компаниите...

Вашата компанија има можност да го оцени практикантот без некаква долгорочна обврзаност, а од друга страна има можност да привлече млади и мотивирани професионалци.

За образовните институции...

Да се зголемат можностите за полесно вработување по дипломирањето, и да се зголеми популарноста и угледот.

 

Понеделник, 06 Септември 2010

Самопроценка

Секогаш можете да најдете вработување. Но за да се најде вистинската работа, со која ќе ги изградите вашите силни страни и притоа да ги зголемите вашите таленти, потребно е поголемо размислување. Пред се за тоа кои сте вие навистина, што навистина сакате и кој е најдобриот начин на кој можете да го постигнете тоа.
За да ви помогнеме да го направите најдобриот избор за вашата кариера, ние ви предлагаме серија на основни прашања кои ќе ве упатат за да ја идентификувате вашата цел.

Основни прашања

Цел: Да ги потврдите вашите вредности, интереси, вештини, постигнувања и цели.
Разгледајте ги следниве прашања за да оцените различни аспекти од вашата личност, и да дознаете повеќе за себе и за вашите аспирации. За секое прашање или за серијата прашања од левата страна, ви даваме неколку можни навестувања, кои ќе ви помогнат да ги формулирате вашите одговори.
 
Запомнете дека најдобар одговор е честопати онаа мисла која прва ви паѓа на ум
 
Кои се вашите вредности?
Што ви е најзначајно на вас? Што е тоа што ве прави да се чувствувате среќно и исполнето? Како го дефинирате успехот?
Самодоверба, професионално признание, правичност, независност, одговорност, да им се помага на другите, простор за креативност, стабилен семеен живот, време за вашите деца, физичко здравје, сигурно вработување, можности за напредување, сигурни приходи...
Вредностите ги хранат интересите
Кои се вашите интереси?
Што е тоа што ја поттикнува вашата љубопитност и го поттикнува вашиот ентузијазам? Што ви дава енергија? Што уживате да правите највеќе?
Конкретна индустрија или производ, големата слика или деталите, создавање од самиот почеток, решавање проблеми за други, раководење со луѓе, патување, среќавање нови луѓе, играње со вашите деца, готвење, пловење...
Интересите помагаат да се развиваат вештините
Кои работи ги правите добро?
Што е тоа што го правите добро? Колку добро го правите тоа?
Анализа на податоци и извлекување на заклучоци; работа со материјали, опрема, машинерија, раководење со тим, убедување на други…
Кога се обидувате да ги идентификувате вашите сопствени вештини, "колку" е многу позначајно од "што": Колку сте креативни во изнаоѓањето на извори на информации за вашето истражување? Колку лагодно се чувствувате при користење на компјутер? Колку сте ефективни при раководење со група на луѓе, и во комуникацијата со нив?
Вештините овозможуваат достигнувања

Што имате постигнато?
Што е тоа што ја поттикнува вашата љубопитност и го поттикнува вашиот ентузијазам? Што е тоа што ви дава енергија? Што уживате да правите највеќе?
Размислете за вашите достигнувања и одредете кои конкретни вештини сте ги употребиле во секој од тие случаи, кои особени интереси и вредности ги задоволивте. Меѓу другото, идентификувајте кои вештини се повторуваат, интереси и вредности. Aнализирајќи ги вашите достигнувања на овој начин, ќе можете да ги дефинирате вашите долгорочни цели. Достигнување не е неопходно нешто што другите го забележале или искажале благодарност, тоа може да биде ваше лично интимно чувство.
Минати постигнувања може да ви помогнат да ги поставите вашите цели
Кои се вашите цели?
Кои се вашите долгорочни цели? Што сакате да добиете од вашата кариера? Каде се гледате себеси во следните пет или десет години? Кое е идеалното работно место или содржина на работно место кон која целите?
Откако ќе ги идентификувате вашите главни вредности, интереси и вештини, како и вашите главни достигнувања, се наоѓате во добра позиција за да добиете појасна слика за вашите цели. Употребете ги одговорите на прашањата погоре, за да ги дефинирате целите кои одговараат на вашата личност и карактер. Откако ќе го направите тоа, размислете како можете да ги искористите вашите најзначајни вредности, интереси, вештини и постигнувања за да ги реализирате вашите цели.
За да одредите која индустрија/функција најдобро ви одговара, поставете си ги следниве прашања:
  • Каква работна средина и корпоративна култура најдобро одговара на моите вредности?
  • Каде можам да ги усовршам моите вештини?
  • Во кој домен се значајни моите достигнувања?
  • Како можам да ги остварам моите долгорочни цели?
  • Во која индустрија/компанија можам да придонесам највеќе? Зошто една таква индустрија/компанија ќе претставува плус за мојата кариера? Како можам да ја замислам иднината на таа индустрија/компанија, и дали јас сакам да бидам дел од неа?
Запрашајте ги пријателите, семејството, професорите … каде ве гледаат дека најдобро се вклопувате. Потоа прашајте ги зошто

На овие прашања нема "вистински" одговор – затоа треба да истражувате подетално и подетално. Запрашајте ги пријателите, семејството, професорите, поранешни и сегашни колеги и работодавачи за тоа каде сметаат дека најдобро се вклопувате, и во која улога. Потоа запрашајте ги зошто. Нивните одговори или ќе ви укажат на конкретно работно место, или ќе ви дадат некоја поопшта идеја.