ПРОЕКТ НА УСАИД ЗА КОНКУРЕНТНОСТ
Проектот за конкурентност кој што започна во август 2007 година и ќе се спроведува пет години дава поддршка на иницијативи за поттикнување на странски и домашни инвестиции, идентификација на пазарите за извоз со повисока вредност, олеснување на тесните грла на ланците на снабдување и генерирање на значителен број на нови работни места во Македонија.
Проектот е целно воден од потребите на пазарот и насочен кон инвестиции. Во почетната фаза на проектот се изврши проценка на потенцијалот на индустријата во Македонија, проследено со проценка на меѓународните купувачи и инвеститори за да се идентификуваат области кои нудат можности за најголем потенцијал за директни странски инвестиции, зголемување на вработеноста и зголемена вредност на извозот. Избрани се најмалку три сектори, вклучувајќи:
- Информатичка и комуникациска технологија;
- Мода и дизајн (кој ги вклучува текстилната, чевларската и дрвната индустрија);
- Лесна индустрија (која ги вклучува елетромеханиката, индустријата за автомобилски делови, алати и бои).
Активностите на Проектот не се ограничени само на овие сектори, туку ќе се земат во предвид и други сектори со поголем потенцијал за развој.
Нашиот придонес се состои во техничка помош за поддршка на странски инвестиции и поголемо поврзување на македонските фирми во глобалните ланци на снабдување. Со остварените партнерства ќе се ублажат пречките и ќе се изградат капацитети во врска со:
- Развој на работна сила
- Продуктивност, ефикасност на ланците на снабдување и технологија
- Пристап до пазари и капитал
- Инфраструктурни услуги, вклучувајќи индустриски и логистички паркови
Проектот за конкурентност прима апликации за партнерство со водечки компании кои развиваат врски со добавувачи; инвеститори и ентитети кои промовираат инвестиции; деловни здруженија и групи; финансиски институции; и организации кои обезбедуваат образовни и инфраструктурни услуги. Комисијата за разгледување ќе избере партнерство со оние апликанти кои на најдобар начин ги задоволуваат следните критериуми:
- Да придонесат на забележителен начин за значителен број на нови инвестиции, создавање на нови работни места и извозна вредност
- Да понудат можни решенија за надминување на главните пречки во поглед на инвестиции и конкурентност во областите со најголем потенцијал за Македонија
- Да понудат кофинансирање и обвррзаност на партнерите, што исто така води кон одржлив капацитет
За да ги постигне свиоте амбициозни цели, Проектот за конкурентност на УСАИД ќе користи пристап кој е воден од потребите на пазарот и насочен кон инвестиции, фокусирајќи се на 3 пошироки иницијативи:
- Подобрување на промотивните канали за директни странски инвестиции, и изработка на наменски предлози за да се привлечат странски директни инвестиции
- Идентификација и развивање на водечките компании со најголем потенцијал во избраните области
- Разрешување на критичните пречки за инвеститорите и водечките компании



