Национална програма за вработување и практикантска работа
Вовед:
Високата стапка на невработеност (35%) во Македонија останува да претставува проблем за економскиот развој на земјата. УСАИД Проектот за конкуретност има разбирање дека недостигот на квалификации и несоодветниот развој на работната сила нашироко се препознаваат како суштинско прашање, со кое се соочува економскиот развој и невработеноста во Македонија. Оттаму, една од активностите кои се идентификувани од проектот и консултантите е Програмата за вработување и практикантска работа.
Целите на програмата се:
- Да се намали јазот помеѓу понудата на работна сила и корисниците на тие таленти, особено за недостигот во секторите/индустриите каде што е потребна таа работна сила,
- Да се едуцира деловната заедница и образовните институции во земјата за придобивките од програмата за практикантска работа и
- Да се развива програмата за практикантска работа, така што компаниите кои не можат да ги поднесат трошоците за вработување, може да имаат придобивки преку учество во програмата.
Цели:
Проектот за конкурентност има потполно разбирање дека поддршката за компаниите е догорочен процес, и дека резултатите и влијанијата од овие активности ќе бидат постепени, како на ниво на компаниите така и за економскиот развој на земјата. Како резултат на тоа, проектот ја разбира потребата од брзо реагирање за да им се помогне на компаниите да се развиваат, и оттаму стратешката цел на Проектот за конкурентност е да им се помогне на компаниите да ги најдат и вработат најдобрите таленти на пазарот на работна сила.
Конкретните цели на националната програма за вработување и практикантска работа се:
- Да се поддржат образовните институции (средни училишта и унверзитети) со услуги за обезбедување на работен ангажман за студентите,
- Да се подобрат вештините за вработување на студентите преку обука, така што тие ќе бидат подобро подготвени кога ќе бараат практикантска работа и/или вработување,
- Да се воведе методологија за практикантска работа, како механизам со кој ќе се регулираат одговорностите на студентите и компаниите, откако ќе биде направен избор и ангажирање на студентите во компанијата,
- Да се поддржат компаниите во нивните служби за вработување, така што значително ќе се придонесе кон намалување на трошоците за вработување на нови лица,
- Да им се помогне на компаниите со најажурирана и најголема база на податоци на лица кои бараат вработување и студенти кои бараат практикантска работа.
“Пристапот”
Од таа причина, Проектот основаше и започна Национален портал за практикантска работа и вработување кој ќе ја овозможи понудата на талентирана работна сила за потребите на странските директни инвестиции и на локалните компании во Македонија. Проектот силно верува дека со имплементирањето на националната програма за практикантска работа во целата земја, и која е поддржана од повеќето образовни институции, ќе се обезбедат подобри можности за вработување, понудени од страна на компаниите.
Покрај програмата за практикантска работа и вработување, проектот ќе им помогне на компаниите околку моменталната потреба за регрутирање на луѓе на пазарот на труд. Од таа причина, платформата ќе биде дизајнирана и ќе го олесни поврзувањето помеѓу лицата кои бараат практикантска работа/вработување и компаниите кои сакаат да ги ангажираат/вработат.
Порталот ќе биде интерактивна платформа која ќе овозможи интеракција помеѓу студентите и лицата кои бараат вработување и компаниите во реално време. Меѓутоа, софтверот е само алатка со која се овозможува поврзување на лицата кои бараат работа и компаниите; додека пак бизнис партнерите заедно со Проектот за конкурентност ќе работат на спроведувањето на активностите кои се опишани во стратешкиот концепт (види слика подолу):
- Маркетинг и промоција: Tука се вклучени маркетиншки и промотивни активности со кои ќе се зголеми свесноста кај пошироката популација и конкретната целна група за постоењето на ваква програма во Македонија,
- Усвојување: Интерактивни активности како што се: онлајн саем на кариера, форуми, видео презентации на компаниите и онлајн презентации на некои од активностите кои се обезбедуваат на порталот, кои ќе им овозможат на студентите и лицата кои бараат работа од една страна, и на компаниите од друга страна, да комуницираат во реално време,
- Обука: Ќе биде развиена програма за обука и таа ќе биде испорачана за бизнисите во однос на методологијата за практикантска работа, а за студентите обука за вештини за вработување за да подобро се подготват пред да почнат да ги разменуваат апликациите за работа и пред да се дадат понудите за вработување,
- Ангажирање: По усвојувањето, следната фаза е реализацијата на тоа што се нарекува реално ангажирање на студентите преку практикантска работа или вработување. За да се олесни нивното поврзување, огромна база на податоци со апликации и работни места ќе биде подготвена.



