Блериме Џамбази, практикант во ЕВН
- Јас сум практикантка во ЕВН на два месеци. Иако сум една недела во оваа фирма имам добри впечатоци. Менторот се однесува многу добро и професионално, не ориентира и ни помага да ги разбереме вештините на работата за која сме заинтересирани, конкретно за Front office.
Постарите колеги се многу љубезни, така што брзо се адаптирав на тој амбиент, иако некогаш се работи под стрес. Имам желба во иднина да бидам вработена во оваа компанија, но ако не го постигнам тоа со задоволство би кажала дека сум го збогатила своето CV.
Вјоса Хоџа, практикант во ЕВН
- Веќе една недела сум на пракса во ЕВН, каде што досега поминавме обука за работната позиција front office. Нашиот ментор многу добро не води низ обуките, и ни помага на нас практикантите. Според мое мислење со практиканството ние учиме за после да бидеме добри работници во оваа компанија. Постарите колеги ми помагаат кога ми треба помош. Знам дека оваа компанија е добра во Македонија, и сакам да бидам дел од неа.
Мирајет Сали, практикант во ЕВН
- Јас сум практикант во ЕВН една недела. Се тече како што очекував, презадоволна сум од нашиот ментор исто така и од постарите колеги кои што цело време ни помагаат. ЕВН како една од најголемите компании во регионот им дава многу можности на младите. Истовремено преку праксата и да се забавуваат, бидејќи сите работници меѓусебе имаат многу добри и пријателнски односи. Со задоволство би работела во оваа голема компанија за да бидам многу успешна како сите други вработени во ЕВН.
Шефије Јусуфи, практикант во ЕВН
- Јас како практикантка во ЕВН многу сум задоволна иако таму сум само една недела. Менторот е многу добар и ни понуди се што ни е потребно. Мислам дека е многу квалитетна компанија и можеме многу да напредуваме. Постарите колеги се фини и ми ги разјаснуваат сите задолженија. Со задоволство би работела во оваа компанија.
Фериде Фетаји, практикант во ЕВН
- Иако ова ми беше првата недела од обуката во ЕВН, времето ми помина многу добро. Секојдневно добиваме големо внимание од вработените во фирмата кои јасно и со голема одговорност ни предаваат и запознаваат со најважните работи што ќе ни бидат потребни за почетокот на работата во front office. Менторот секогаш ни е на располагање и добро не менаџира. Секако дека би сакала да работам во ваква успешна компанија каде можам да добијам квалитетно искуство.



