MCP logusaid
Students
Companies
Institutions
За студенти и дипломирани...

Можност за стекнување на работно искуство, професионални контакти и препораки, со кои се зголемува потенцијалот за идно вработување.

За компаниите...

Вашата компанија има можност да го оцени практикантот без некаква долгорочна обврзаност, а од друга страна има можност да привлече млади и мотивирани професионалци.

За образовните институции...

Да се зголемат можностите за полесно вработување по дипломирањето, и да се зголеми популарноста и угледот.

 

Понеделник, 06 Септември 2010

Пропратно писмо

Нивната улога е да се остави особен впечаток, и да се поттикне интерес кај читателот за да се добие покана за интервју.
Примарно и најважно, пропратното писмо има за цел да ја претстави вашата апликација и кратка биографија.

Краток преглед на пропратното писмо кој се препорачува:

  • Во првиот параграф, претставете се. Наведете кое е вашето моментално работно место или место каде што се образувате, и искажете интерес за компанија, наведете конкретно за кој оддел сте особено заинтересирани..
  • Втор и трет параграф: покажете го вашето знаење за индустријата и компанијата; упатете се на најновите вести и на моменталните предизвици. Образложете ја вашата мотивираност да се пријавите за работа во компанијата, конкретно наведете ги аспектите за кои имате интерес. Поврзете го вашето претходно искуство и достигнувања со вашиот интерес за таа работа и наведете ги вашите аспирации за во иднина.
    Ако е применливо Ако станува збор за промена на работното место или професионалната определба, објаснете зошто сакате да ја промените кариерата.
  • Последен параграф: Повторете дека сте заинтересирани за компанијата/работното место. Тука можете да побарате интервју; да го предложите времето и да му укажете на работодавачот дека ќе се јавите за да се сложите за погодно време за двете страни. Заблагодарете се што ќе ја разгледаат вашата апликација.