Деловна коресподенција
Кога пишувате професионална деловна кореспонденција и друга комуникација со работодавач, мора да бидете запознаени со културата и специфичностите на земјата каде штo ќе бидат разгледувани вашите писма. Вашите шанси за успех ќе бидат поголеми доколку направите истражување за тие вредности и перцепции.
Општи насоки:
- Претставете се и јасно наведете ја целта на вашето писмо, образложете доколку сметате дека ќе биде во ваш прилог. (Истото важи за телефонски разговори.)
- Дадете му личен тон на писмото – употребете го името и титулата на лицето на кое му пишувате; споменете што знаете за него/неа, особено доколку така може да се скрши ледот: заеднички работи во однос на околностите, училиштето, работното искуство…
- Прилагодете го секое писмо во однос на културата и конкретните потреби на компанијата која вработува.
- Наведете факти и примери со кои ќе го поддржите кажаното. Избегнувајте да бидете сервилни или наметливи.
- Бидете јасни колку што е можно; избегнувајте долги и сложени реченици, придржувајте се до параграфи со средна големина, претставете ги информациите накратко и прецизно.
- Употребувајте глаголи во активна форма. Треба да преовладува позитивен тон во содржината и очекувањата.
- Придржувајте се кон кодексот за деловна коресподенција (проверете кои се специфичностите за конкретната земја).
- Одржувајте конзистентен стил во целата коресподенција.
- Секогаш чувајте копија од писмата и правете забелешки за секој телефонски разговор.



